Петровска: Македонија направи скок од земја корисник на помош во земја која преку учеството во регионалните мисии, дава помош на други земји
Министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју за Гласот на Америка одговори на прашањата за учеството на Армијата на Македонија како членка на НАТО во колективниот систем на безбедност , но и за учеството на Армијата во мисиите во регионот.
„Република Македонија освен што е дел од тој колективен систем на безбедност, во регионот сме присутни и преку учество во мисиите, на Косово преку мисијата на НАТО Алијансата КФОР, а во БиХ – мисијата на Европската Унија, и веќе подолг временски период со наши припадници учествуваме во двете мисии. Минатиот месец донесовме одлука на седница на Влада со која што го зголемуваме учеството на нашите припадници на мисијата на Косово и всушност на тој начин, согласно тие планови и во рамките на двете мисии сме подготвени да учествуваме во дејствијата кои се во надлежност на овие мисии, а со цел се разбира да придонесеме за гарантирање на регионалниот мир и стабилност“ рече Петровска.
На тој начин, порача министерката, ја потврдуваме новата улога на Македонија од земја корисник во земја придонесувач за регионалната безбедност.
„Добро е што нашето учество во овие мисии е само уште една потврда за скокот кој Република Македонија го направи а тоа е од земја која во минатото беше препоознаена како земја на која и беше потребна помош и поддршка, како земја која денес пружа и дава помош и поддршка на земји на кои тоа им е потребно“ рече министерката.
На прашањето за обуката на украинските војници во Македонија, министерката потврди дека обуката е успешно завршена.
„Оваа обука беше димензионирана согласно побарувањата на украинската страна, односно за тоа каков вид на потреба имаат нивните вооружени сили. Ме радува фактот што обуката заврши успешно. Над стотина војници на украинските сили беа обучени од страна на нашите вооружени сили, од нашата Армија. Вратата е отворена и во текот на 2024 особено во почетокот на годината, ако се побара од наша страна, се разбира, позитивно ќе одговориме. Тоа е уште еден позитивен пример за тоа како ја поддржуваме Украина во она што од почетокот го најавивме, а тоа е покрај политичката поддршка и осудата на неоправданата руска инвазија врз Украина дека ќе ја помогнеме на секаков можен начин“ рече Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…
На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…
На 8 ноември 1906 година, во штипско…
Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…
Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…
148 години од раѓањето на Чупоски: „Ние…
„Вие само ќе треба да му кажете…