Стејт департмент: Блинкен ќе ја истакне улогата на ОБСЕ во обезбедувањето безбедност во регионот
Државниот секретар на Соединетите Држави, Ентони Блинкен ќе учествува на Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје каде ќе зборува за главната улога на Организацијата во промоција на продлабочената безбедност во регионот и ќе се заблагодари на Македонија за нејзината лидерска улога, соопшти во понеделникот вечерта Стејт департментот.
Блинкен денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, а во посета на Македонија доаѓа утре каде на 29 и 30 ноември се одржува состанокот на министрите на ОБСЕ, изјави портпаролот Метју Милер.
„Во текот на посетата на Македонија, државниот секретар ќе се ангажира со колегите од ОБСЕ за реафирмација на цврстите заложби на САД во ОБСЕ и главната мисија на организацијата да промовира безбедност, стабилност и соработка меѓу државите, со посебен акцент на човековите права и мирно решавање на споровите, рече Милер.
„Блинкен исто така ќе ја истакне главната улога што ОБСЕ ја игра во промоција на продлабочената безбедност низ регионот и ќе се заблагодари на Македонија за нејзината лидерска улога“, се вели во соопштението од Стејт департментот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се подтготвува формирањето на Бекташката држава во…
Подготовките за создавање на суверена држава на…
Македонија пред нов, екстремно топол бран
Од четврток (20 август) па сѐ до…
Иран најави договор со Оман за безбеден…
Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас…
Германците се сомневаат дека претседателката на Словенија…
Откако австриската новинска агенција АПА и словенечкиот…
Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да…
Велика Британија изјави дека стои зад Украина…