Објавено на:

Путин го објави клучниот услов за решавање на конфликтот на Блискиот Исток

t

Создавањето палестинска држава во границите од 1967 година е клучен услов за решавање на палестинско-израелскиот конфликт, изјави рускиот претседател Владимир Путин во пораката до палестинскиот лидер Махмуд Абас по повод Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ.

„Сега, кога крвавиот конфликт им носи многу страдања на цивилите во Палестина, мислам дека е од особена важност да се потврди конзистентниот став на Русија во корист на остварувањето на легитимните права на вашиот народ да создаде своја, суверена држава во границите од 1967 година со главниот град во Источен Ерусалим. Токму тоа е клучниот услов за постигнување сеопфатно, долгорочно и праведно палестинско-израелско решение на ситуацијата“, се вели во пораката на Путин, која ја прочита заменик-шефот на руската дипломатија Михаил Богданов на настан во палестинската амбасада во Русија.

Рускиот лидер истакна дека е сигурен оти заедничките напори можат да обезбедат понатамошен развој на „традиционално пријателските руско-палестински односи и заемно корисна соработка во различни сфери“.

Путин додаде дека работата во оваа насока одговара на интересите на двете земји и е доследна на зајакнувањето на регионалната безбедност.

„Ви посакувам добро здравје и успех, а на сите Палестинци мир, просперитет и напредок во нивната родна земја“, рече рускиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…