Ердоган го нарече Нетанјаху „касапот на Газа“
Нетанјаху веќе го запиша своето име во историјата како касапот на Газа, рече Ердоган во денешната изјава на националната телевизија. Според него израелскиот премиер ја загрозува „безбедноста на сите Евреи во светот со тоа што го поддржува антисемитизмот преку убиствата што ги изврши во Газа“.Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „касапот на Газа“ и го обвини дека предизвикува антисемитизам низ светот.
Ердоган во повеќе наврати го критикуваше Израел за размерите на смрт и уништување предизвикани од неговиот одговор на невидениот прекуграничен напад на милитантите на Хамас на 7 октомври, пренесува Франс24.
Тој го оквалификува Израел како „терористичка држава“, додека за Хамас рече дека е „ослободителна група“.
Нетанјаху веќе го запиша своето име во историјата како касапот на Газа, рече Ердоган во денешната изјава на националната телевизија. Според него израелскиот премиер ја загрозува „безбедноста на сите Евреи во светот со тоа што го поддржува антисемитизмот преку убиствата што ги изврши во Газа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
Велешанецот пријавен за измама со кубански вакцини,…
Велешанецот кој е пријавен за измами со…
Калас: Америка ја принудува Украина да се…
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја…
(Видео) Фрлен молотов коктел врз канцеларијата на…
Затишјето меѓу демонстрантите и полицијата во близина…
„Живеевме под советска чизма, не го сакаме…
Стотици граѓани протестираа во вторникот вечерта пред…