Петровска и Османи со протестна нота да реагираат на иредентистичките пораки од Косово за “голема Албанија”, бараат од Левица

t

Министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи, со протестна нота да реагира на иредентистичките пораки испратени од Косово, бараат од политичката партија Левица.

– Претседавачот во заминување на ОБСЕ Бујар Османи, да се одважи на иредентистичките пораки испратени од Косово, по повод прославата на формирањето на КБС. КБС, кои се формирани со кршење на резолуцијата 1244 на Обединети Нации и газење на меѓународното право, што не им дава никаков легитимитет, го „прославуваа празникот“ со амблеми на Голема Албанија, кои вклучуваат речиси половина од територијата на Република Македонија!

Овој државен непријателски чин од страна на делумно признаената држава Косово е направен во присуство на Претседателот Курти и Премиерката Османи, што дава целосно право истиот да се толкува како територијална ЗАКАНА. Дополнително, потсетуваме дека ваква порака беше испратена и во Тетово, кога градоначалникот Касами заедно со Курти вееје знаме на Голема Албанија, а целиот случај помина речиси несанкционирано.

Премолчувањето на овие, но и на бројни други инциденти, како и скандалот кога Министерот Османи, наместо за интересите на Македонија, бараше од Шпанија да ја признае независноста на Косово, не само што оправдува и поддржува иредентистичка политика, туку го прави и заговорник и борец за великоалбанската идеја, додека седи во фотелјата на македонското МНР и ужива во привилегиите платени од џебот на македонските граѓани.

Бараме за овој непријателски чин итно да се испрати протестна НОТА, да се известат меѓународните организации и да се побара јавно извинување од косовските власти кон Македонија пред меѓународната заедница. Во спротивно, улогата на Османи нема да може да се толкува како нешто друго, освен како на заговорник на великоалбанската идеја, која го нарушува суверенитетот на Македонија.

Дополнително, за испратената порака со територијални претензии очекуваме и соодветна реакција од министерката за одбрана на „земјата членка на НАТО“, Славјанка Петровска. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во голема полициска акција во Албанија запленет…

 Во голема полициска акција, во содејство со…

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

(Видео) Ескобар: Формирање на ЗСО е клучно…

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа…

Пратениците на Левица и во овој мандат…

- 366 илјади евра за патни трошоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година. Крмов и Апасиев не земаа ниту денар, велат од Левица. -…

Мециновиќ: НЕ за патни трошоци, средствата да…

- Јас ќе бидам искрен, можеби е…