Активисти на Левица поднесоа кривична пријава за борбите со кучиња во Охрид

t

„Откако СВР Охрид и ЈО Охрид не се одважија по допрен глас да постапат во однос на борбите на кучиња кои се организираат и одржувааат во континуитет на оградена јавна површина, ринг, – активисти од Левица поднесоа кривична пријава против три физички лица со можност за проширување на истата и против други лица“, велат од Левица.

„Законот за заштита и благосостојба на животните изрично забранува организирање на ваков тип на борби на кучиња, како и обложување за истите, а убивањето, измачувањето, изживувањето врз животните е инкриминирано со член 233 од Кривичниот законик.

Според неофицијални информации, борбите на кучиња претставуваат илегален бизнис, по пат на обложување со сума од 6.000 до 10.000 евра! За убивањето, измачувањето, нанесувањето на болка, маки, грубото злоупотребување на животните од користољубие (материјална или друга корист) е предвидена потешка казна, односно согласно член 233 став 3 од КЗ – казна затвор од една до пет години.

Сметаме дека во целост се исполнети законските услови за кривичен прогон за конкретното кривично дело кое, за жал, поради досегашна неказнивост – јавно и отворено се практикува во континуитет, се третира како јавна тајна и нормална појава – иако се предвидени законски одредби и казни кои се во насока на заштита на немоќните, животните, но и кон одржувањето на едно здраво општество.

На потег е Јавното обвинителство Охрид кое очекуваме да постапи по кривичната пријава и конечно да се прекинат ваквите нехумани борби“, соопшти Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма во странска амбасада во Македонија: Маж…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

“Уплати 10.000 денари, бара син ти во…

Жена од Гостивар била измамена од непознат…

Таткото на Меган Маркл е пуштен во…

Томас Маркл постариот синоќа се појави пред…

Поранешниот претседател на МАНУ Коцарев вели дека…

Претседателството на Македонската академија на науките и…

„Максим е патриот на батерии од Кина“…

Алијансата на Албанците реагира на најавите на…