Лавров: ОБСЕ е во лоша состојба!
Организацијата за европска безбедност и соработка денеска е во лоша состојба, изгледите се нејасни, изјави шефот на руската дипломатија на пленарната седница на ОБСЕ во Скопје.
Тој посочи дека Молдавија е следната жртва во хибридната војна на Западот против Русија.
Шефот на руската дипломатија претходно се сретна со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сјарт. Во пресрет на средбата која беше затворена за медиумите, министрите разменија пријателски поздрави.
Лавров претходно се сретна со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан.
Седницата на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ, во која членуваат 57 земји, се одржува на 30 ноември и 1 декември. Се очекува учесниците да разговараат за безбедносните прашања на континентот во услови на актуелниот украински конфликт, како и за прашањето за изборот на следниот претседател на организацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…