Навредена и налутена: И шефицата на бугарската дипломатија го напушти Скопје поради Лавров
Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел синоќа го напуштила Скопје за да не присуствува на денешниот состанок на ОБСЕ, на кој присуствува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, објави бугарскиот медиум „БГНЕС“.
Габриел синоќа присуствуваше на отворањето на изложбата „Пловдив – град на мозаиците“ во Бугарскиот културно-информативен центар во центарот на Скопје и беше дел од неформалната вечера на министрите и шефовите на делегации.
Бугарија вчера не дозволи да прелета авионот на Лавров над нивниот воздушен простор бидејќи во него се наоѓала и портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Покрај Габриел, на Самитот не се и шефовите на дипломатиите на балтичките земји, како и министерите за надворешни работи на Украина и Грција.
Покрај нив, вчера земјава ја напуштија и американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Уплати 10.000 денари, бара син ти во…
Жена од Гостивар била измамена од непознат…
Таткото на Меган Маркл е пуштен во…
Томас Маркл постариот синоќа се појави пред…
Поранешниот претседател на МАНУ Коцарев вели дека…
Претседателството на Македонската академија на науките и…
„Максим е патриот на батерии од Кина“…
Алијансата на Албанците реагира на најавите на…
Пукано во автомобил во движење на патот…
На 06.11.2026 околу 22:40 часот, Е.Ј.(28) од…