Автобус од Скопје за Кочани остана без две гуми – патниците среде автопат чекаат нов превоз

t

Автобус марка „мерцедес“ кој сообраќал на релација Скопје – Велес – Кочани останал без двете гуми веднаш после патарината кај Велес, па сега десетината патници останале среде автопат за да чекаат нов превоз и со него да стасаат до Кочани.

Двете гуми на автобусот на компанијата „Авто Атом“ се дупнале некаде по патарината кај Велес, и гумите се на автопатската делница пред тунелот. За среќа во инцидентот нема повредени патници.

Возачот кога забележал дека се дупнале две гуми запрел и го паркирал автобусот. Во возилото две патнички оделе за Велес, а останатите за Кочани. Двете патнички со приватен превоз се упатиле кон Велес, а останатите чекаат да бидат префрлени и да надлежните да реагираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турист почина по каснување од пајак во…

Маж кој бил каснат од отровен пајак…

Кривична пријава за предизвикување на шумски пожар!

Денеска (09.08.2024) Надворешната канцеларија за криминалистички работи…

Србија ги прати во Косово посмртните останки…

Автомобилот со посмртните останки на Фатон Хајризи,…

Мециновиќ ја посети Јутонг фабриката за автобуси…

Пратеникот од редовите на Левица, Амар Мециновиќ,…

Најсвежо во Лазарополе, најмногу дожд во Пожаране

Утрово најсвежо беше во Лазарополе каде се…