(Видео) Ужас во Бирмингем: Навивачите на Легија запалија полицаец

t

Каде што се полските навивачи, таму е хаосот, без разлика дали се работи за натпревар на клупско или репрезентативно ниво.

Така беше и синоќа во Бирмингем каде Легија ѝ гостуваше на Астон Вила во Конференциската лига. На паркингот во близина на Вила Парк дошло до тежок судир меѓу полските навивачи и полицијата, а Сан тврди дека во целиот хаос бил запален британски полицаец. Тој е префрлен в болница со изгореници, а во нередите се повредени вкупно четворица полицајци, два полициски коња и две кучиња.

Во Бирмингем пристигнале 1.000 навивачи на Легија, но поради инцидентите на претходните натпревари во европските купови, не им бил дозволен влез на стадионот. Бесни што останаа надвор, тие почнале да фрлаат со шишиња и тврди предмети кон гледачите кои нормално влегле на Вила Парк.

Според правилата на УЕФА, Астон Вила требала да одобри 2.100 влезници за полските фанови што е 5% од вкупниот капацитет на стадионот. Со компромис, таа бројка била смалена на 1.700, но премиерлигашот на крајот дозволил само 890 билети што ја кренала тензијата кај навивачите на Легија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…