ИЛЈАДНИЦИ ПАТНИЦИ СЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО БАВАРИЈА: Снег и мраз ја парализираа Германија!

t

Обилните снежни врнежи во текот на ноќта и студеното врме ги парализираа воздушните и железничките врски во јужната германска покраина Баварија, оставајќи заглавени илјадници патници, некои од нив во возови запрени поради лошото време, пренесува ДПА.

И другите делови од земјата се зафатени од снег и мраз, а дополнително влошување на временските условите се очекува вечерва.

Поради снегот во застој е авиосообраќајот на аеродромот во Минхен. До денеска изутрина беа откажани 320 од 760 закажани летови. На патниците им е препорачано да го проверат статусот на нивниот лет пред да пристигнат на аеродромот.

Лошото време ги наруши и железничките услуги во Баварија, а главната железничка станица во Минхен привремено беше надвор од функција.

Привремено беа суспендирани железничките врски кон другите германски градови, но и кон австриските градови Салцбург и Инсбрук. Некои патници во Минхен и Улм мораа да преноќат во возовите.

Германската железница им препорача на патниците денеска да ги одложат патувањата до и од Минхен.

Полицијата го повика населението да остане дома додека итните служби и службите за чистење снег работат на враќање на нормалниот живот.

Подземната железница, автобусите и трамваите, исто така, првично престанаа да сообраќаат во главниот град на Баварија. Регистрирани се и бројни сообраќајни несреќи на патиштата, од кои според полицијата повеќето се со материјална штета.

Германската метеоролошка служба очекува неповолните временски услови да продолжат, и од југот на Германија да се прошират на север, а температурата да се спушти до -15 степени.

Во делови од соседната покраина Баден-Виртемберг во текот на ноќта паднаа и до 40 сантиметри снег, поради што многу дрвја се соборени, а има и блокирани патиштата.

Според полицијата, 54-годишен возач загинал кога неговото возило се завртело и се судрило со комбе синоќа во градот Еминген-Липтинген. Возачот на комбето не е повреден.

На северот од земјата, Хамбург објави свеж снег од неколку сНЕГантиметри, а се очекуваат обилни снежни врнежи на бреговите на Северното и Балтичкото Море, како и во внатрешноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…

Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…

Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…

Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…

Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…

Проектот за уредување на коритото на реката…

Затвор за разговор со странски новинари: Иран…

Иран го заострува притисокот врз медиумите со…