Што е убиство од користољубие: Еве колкава казна е пропишана – професорот Каневчев дава примери за вакво грозоморно убиство
Во своето соопштение, МВР и обвинителството наведуваат дека двете убиства меѓу кои и она на 14-годишната тинејџерка Вања Ѓорчевска се мотивирани од користољубие.
-Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“, се наведува во заедничкото соопштение на МВР- институцијата која открива и Обвинителство- институцијата која гони сторители на кривични дела.
Но, во продолжение не е наведено за какво користољубие станува збор, и двете надлежни институции не се потрудија да ја смират вознемиреноста на јавноста по убиството на ученичка која тргнала на школо затоа што не објаснија каква корист од нејзината смрт имаат осомничените.

Во членот 123 од Кривичниот законик, во став 2 се прецизирани повеќе свирепи убиства за кои минимална е десет години, а максимална казна е доживотен затвор.
„Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој којшто:
3) друг ќе лиши од живот од користољубие, заради извршување или прикривање на друго кривично дело, од безобѕирна одмазда или од други ниски побуди,“.
Карактеристиките на ова дело не се наведени во Кривичниот законик, но, во научен труд, професорот кривичар Методија Каневчев дава карактеристики и примери за вакво грозоморно убиство.
„Убиство од користољубие – Квалификаторна околност кај овој облик на тешко убиство е алчноста, користољубието на сторителот, кое се дефинира како безобзирен, егоистички стремеж по секоја цена (па дури и преку убиство) да се дојде до имотна или друга материјална корист. Притоа, имотната корист може да биде наменета не само за сторителот лично, туку и за некој друг (на пример: убиство на снаата, за куќата да му припадне на синот).
Исто така, материјалната корист може да се состои не само во зголемување на имотот на сторителот, туку и во спречување тој да се намали (на пример: убиство на поранешната сопруга, за да престане обврската за плаќање издршка; убиство на доверителот заради ослободување од обврската за враќање на долгот).
За постоење на делово не е нужно да дојде до реализација на користољубивата намера на сторителот (на пример: по убиството на близок сродник за да се дојде до неговото наследство, се испоставило дека жртвата немала никаков имот).
Спорно е дали остварената материјална корист треба да биде противправна. Доминантен став во теоријата е дека не мора, па така, за овој облик на убиство ќе се работи и во случајот кога доверителот го убил должникот за да си го наплати долгот од неговите пари“, наведува професор Каневчев.
Беше соопштено и дека за тројца фатени осомничени се бара притвор, а од судот кратко околу полноќ одговорија дека осомничените се уште не се донесени.
Министерот Спасовски првично закажа посета во Куманово, на граничната полиција, но потоа се откажа таа посета и заедно со обвинителството е закажана заедничка прес конференција за да дадат повеќе детали за овој незапаметен злостор за кој вознемирената јавност се уште нема доволно информации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кличко ги повика жителите на Киев да…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…
Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…
Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…
Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…
Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Форумот за образовни промени поднесе тужба против…
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…