(Видео) Моќен Интер во Неапол, Елмас и дружината разнесени пред своите гледачи

t

Фудбалерите на Интер триумфираа на гостувањето кај актуелниот италијански шампион Наполи со убедливи 3-0 во 14. коло од Серија А.

Интер уште во 13. минута погоди преку Турам, но голот беше поништен поради офсајд, по што Чаланоглу во финишот на првото полувреме ја „скина“ мрежата на Наполи.

https://twitter.com/tekkersfoot/status/1731410833136140770?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1731410833136140770%7Ctwgr%5Ef24d654d846461a5f9abbb7c667da91c48e2f25b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Finter-so-tri-gola-go-raznese-napoli-video

Барела во 62. минута постигна погодок за водство од 2-0 на Интер, додека третиот гол беше дело на Турам.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер на натпреварот и остана на теренот до 75. минута.

https://twitter.com/tekkersfoot/status/1731419921198801154?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1731419921198801154%7Ctwgr%5Ef24d654d846461a5f9abbb7c667da91c48e2f25b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Finter-so-tri-gola-go-raznese-napoli-video

„Нераѕурите“ се на првата позиција со 35 бодови, додека Наполи е петти со 24 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Грција

Земјотрес го потресе нашиот јужен сосед Грција.…

Втора експлозија за една недела: Крадци во…

Ноќеска нешто пред 4 часот во Нов…

Израелски војници се обучуваат за можна голема…

– Израелската армија тренира за можноста за…

Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце

Пронајдено тело на починат маж на Табановце.…

Филипче им честиташе на победниците на изборите…

Поранешниот министер за здравство и иден пратеник…