Таравари: Ќе одам на лидерска средба, избори на крајот на април или мај заедно со со претседателските
Албанците, Арбен Таравари потврди дека ќе учествува на лидерската средба која е закажана за денеска.
На прашање на МИА кои ставови и барања ќе ги изнесе, тој го посочи и терминот на одржување на претстојните избори кој е прифатлив за нив.
– За АА прифатливи термини на одржување на изборите се крајот на април или почетокот на мај да се одржат парламентарните избори и вториот круг од претседателските избори.
На оваа средба очекувам тоа да го синхронизираме, рече Арбен Таравари по настан поврзан со денот на лицата со посебни потреби и посочи дека по тоа ќе замине за Скопје на средбата.
Околу прашањето за укинување на техничката влада, според него, сега не е моментот за тоа, бидејќи, како што рече за такво нешто и како тема требало да се разговара пред една година, а не сега пред избори.
Таравари, уште еднаш потврди дека на претстојните избори, се планира неговата партија да настапи самостојно и со свои кандидати, но како што нагласи, конечната одлука треба да ја донесе Централното собрание, деновиве.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за…
Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…