Барди пред трансфер во германски тим што игра во Лигата на шампионите!

t

По 18 месеци во Трабзонспор, македонскиот репрезентативец Енис Барди би можел да ја смени средината и да се пресели во Бундеслигата.

Тој е една од главните цели на Унион Берлин и на него инсистира новиот тренер на тимот Ненад Бјелица кој му беше „шеф“ во Трабзонспор и имаа одлична соработка. Откако хрватскиот стручњак го напушти клубот, се намали и минутажата на нашиот фудбалер кој на последните четири меча забележа само еден настап и тоа од 15 минути. Наводно, Унион Берлин веќе стапил во контакт со Трабзонспор и се очекува одговорот за евентуален трансфер идниот месец.

Бундеслигашот сезонава настапува во Лигата на шампионите, но во пресрет на последното коло е јасно дека нема да продолжи во нокаут фазата. Во шестиот круг ќе се знае дали ќе обезбеди пласман во Лигата Европа затоа што заостанува два бода во однос на Брага, а го пречекува Реал Мадрид. За разлика од претходната сезона, сега тимот од германската престолнина е во незавидна ситуација во домашното првенство и по 12 одиграни натпревари се наоѓа на последната позиција на табелата, со само седум бода. Бјелица има задача да го спаси од испаѓање, но во јануарскиот преоден рок треба да ја засили екипата за да може да се надева на такво нешто.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова драма на Евровизија: Холанѓаните го бојкотираат…

Нема крај на драмата и бојкотите во…

Зеленски: Расипување на руските планови за офанзива…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави вечерва…

Српската претставничка на Евровизија: Горда сум што…

Годинешниот евровизиски фаворит на Србија е Теодора…

(Фото) Бугарката со најголеми усни во светот…

Бугарската интернет сензација, 26-годишната Андреа Иванова, не…

Папата Франциск: Војната е измама и пораз,…

Војната е измама, а мирот се постигнува…