Психолози и психијатри ќе работат со учениците од Песталоци за надминување на траумата

t

Психолози и психијатри со разговори ќе ги лечат траумите кај учениците од скопското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ каде учеше и младата Вања Ѓорчевска…Министерството за образование најавува дека во следниот период ќе продолжи психолошката поддршка за сите ученици,за да биде зачувано менталното здравје и справување со трауматските последици од целата ситуација.

– Министерството е во постојана комуникација со училиштето и предложивме поддршка во делот на ангажирање дополнителен кадар, составен од педагози и психолози, кои ќе им бидат на располагање на учениците во периодот што следи. Во меѓувреме, сите заедно да се заложиме вакви настани да не се повторуваат. Да бидеме подобри луѓе. Одговорноста е заедничка. Почивај во мир, драга Вања, пишува во соопштението.

По шокот во јавноста , но и огромната загриженост кај родителите дека не се чувстуваат безбедни ниту тие а уште помалку нивните децата, министерката за труд и социјала Тренчевска смирува – сите деца се безбедни, последните случувања се изолиран случај.

И соучениците на Вања, но и наставниците тешко ја примија веста за смртта на деветооделенката. И покрај обидите за одржување на нормална настава, наставниците се насочени кон разговори со учениците за полесно надминување на стресните ситуации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден српски функционер оди во притвор!

Судија за претходна постапка од Посебното одделение…

Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…