30 дена притвор за Александар Ѓорчевски!

t

Судот го прифати барањето на Јавното обвинителство за определување мерка 30 дневен притвор на осомничените за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Притвор од по 30 дена добија таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, Александар Ѓорчевски, и тројцата осомничени Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки притвор против 4 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со грабнувањето и убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и убиството на велешанецот П.Ж., ценејќи ги приложените факти и исказите на обвинетите во однос на предлогот за притвор донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител. Па така на В.М., В.К., Б.В., и А.Ѓ. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165. ст.1, точки 1,2 и 3 од ЗКП. односно опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание на сведоци и повторување или сторување ново кривично дело, соопшти Судот.

Краткотраен притвор од 48 часа доби и вчера приведениот 46-годишен скопјанец С.Д. кој се сомничи дека му помогнал на првоосомничениот за убиствата Љупчо Палевски – Палчо да избега во Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…

Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер,…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки…

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…