Паметна одлука: Македонија повторно нема да учествува на „Евровизија“!
На Изборот за песна на Евровизија 2024 година во Малме, Шведска нема да учествува македонска делегација, што е втора година без наш претставник на ова музичко натпреварување.
На најголемиот светски музички настан во живо, што ќе се одржи во Малме, во мај следната година, учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји.
Со длабока тага потврдуваме дека Македонија ќе отсуствува од Изборот за песна на Евровизија втора година по ред. Со среќа на сите 37 земји кои се натпреваруваат и со нетрпение го очекуваме големото шоу во Малме, објави македонскиот Фан сајт за изборот на песна на Евровизија на платформата Х.
Од земјите од регионот, учество потврдиле Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија.
Македонска делегација на Изборот за песна за Евровизија 2023 година во Ливерпул, немаше поради, како што информира тогаш Македонската Радио Телевизија, зголемената котизација за учество и зголемените трошоци од енергетската криза.
Последниот настап на Евровизија на земјава беше во 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…
Цеца на одмор била… Затвореник примил пакет,…
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Т.(41),…
(Видео) Драма во Мостар: Турист скокна од…
Неодговорното однесување на странскиот турист можело да…
Ле Фигаро: Русија го зазеде клучното литиумско…
Руските сили ја презедоа контролата врз областа…