ИРАН ЛАНСИРА КАПСУЛА СО ЖИВОТНИ ВО ВСЕЛЕНАТА; Подготовка за претстојната вселенска мисија со ирански астронаути
Иран денеска соопшти дека во вселената лансирал капсула чии патници се животни, со цел да се подготви во наредните години во вселената да испрати астронаути.
Иранскиот министер за телекомуникации Иса Зарепур изјави дека капсулата била лансирана со помош на ракета-носач Салман од иранско производство на надморска височина од 130 километри во орбитата, објави официјалната иранска новинска агенција. Зарепур рече дека капсулата тежи околу 500 килограми.
Нема информации за тоа какви животни има во капсулата, која е произведена од Институтот за аеронаутички истражувања при Министерството за наука, истражување и технологија на Иран.
Најавата следи 10 години откако Иран објави дека испратил два мајмуни во вселената и безбедно ги вратил назад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Мислевме дека спие“: родители во Италија возеле…
Родители возеле околу 100 километри низ Италија…
(Видео) Драматична снимка од пожарот во Хрватска:…
Додека се проценува штетата во областа Омиш…
(Видео) Вучиќ: Се обидов да го измијам…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави на…
Дали златото ќе мине 4500 долари за…
На пазарот на злато утрово не се…
Трамп му нареди на Пентагон да ги…
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера нареди значително…