ЗНМ: Квалификациите на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кон Инфомакс мора да запрат!

t

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира на квалификациите на функционери на ВМРО-ДПМНЕ кон Инфомакс, кои не се во функција на создавање клима за независно и слободно новинарство.

– Трендот на квалификување и етикетирање на медиумите во Македонија мора да запре!

Последните квалификации на високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ насочени кон он лајн медиумот Инфомакс не се во функција на создавање клима за независно и слободно новинарство.

Високи претставници на политичките партии не смеат да кажуваат кој е медиум, а кој не и не смеат да ја коментираат уредувачката политика на медиумите и да ги нарекуваат со секакви погрдни имиња, бидејќи на тој начин, директно може да потикнат говор на омраза или кривични дела поттикнати од омраза.

Од друга страна, медимите имаат должност и обврска да се грижат и да ја негуваат културата на слобода на говорот, овозможувајќи услови за градење на новинарски и медиумски плурализам.

Уредниците треба да внимаваат на кого отстапуваат медиумски простор со цел да се превенира злоупотреба на медиумот на штета на јавноста. Одредени поединци или групи, кои го злоупотребуваат јавниот простор за пресметки и ширење на омраза по било кој основ, треба да бидат маргинализирани од страна на медиумите со цел да се заштити медиумскиот интегритет, но и јавниот интерес. – велат од ЗНМ.

Линк од објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…