Пендаровски: Кој нормален во вакво време размислува за избори?!
Шефот на државата Стево Пендаровски вечерва запрашан за денешната изјава дека нема намера да се кандидира за втор претседателски мандат, одговори дека неговите мисли деновиве биле насочени само кон семејствата на жрвите во двојното убиство за кое е осомничен Љупчо Палевски Палчо.
„ Прашањето на вашата колешка беше дали размислувам, реков не, не размислувам, не знам кој нормален граѓанин во вакви траорни времиња може да размисува за избори, мандат. Имаме време до тогаш, после Нова година. Моите мисли деновиве се насочени само кон семејствата на настрадените. Јас им должам на граѓаните да го изработам до крај мандадот за честа која ми ја овозможија пред четири години“, одговори претседателот Стево Пендаровски.
Претходно, шефот на државата Стево Пендаровски изјави дека не размислува да се кандидира за втор претседателски мандат. Тој само кусо одговори „не“ на новинарско прашање – дали размислува за втор мандат – без да образложи и без да открие повеќе детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…
Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…
Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…
Израел на работ на предвремени избори
Израел се приближува кон предвремени избори откако…
Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…
Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…
Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…