(Видео) Првите снимки откако ученичка во Русија ја убила Марија и ранила неколку пријатели: Децата бегаат од училиште во Брјанск

t

14-годишната ученичката во осмо одделение Алина А., утрово во Брјанск во Русија отворила оган во училиште и ја убила Марија Н., ранила уште неколку деца, па извршила самоубиство.

Министерството за здравство потврдило дека две лица се убиени, а петмина повредени во пукање во училиште во рускиот град.

„Повредените се хоспитализирани, нивните повреди се полесни. Сите ја добиваат потребната нега“, рекле надлежните.

На социјалните мрежи се појавиле првите снимки после пукањето.

На нив се гледа како учениците се евакуираат од училиштето, додека надвор ги чекаат загрижените родители.

На снимките се гледаат и голем број на полицајци на самото место, како и возило за итна помош.

Пукањето се случило утрово во гимназијата бр. 5 во Брјанск. Според прелиминарните податоци од Истражниот комитет, 14-годишното девојче во образовната установа донело пушка од пукало во пријателите од одделението.

Гувернерот на Брјанската област Александар Богомаз истакнал дека на семејствата на настраданите ќе им биде пружена неопходната помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов глобален ризик за храната – силен…

Додека светот е фокусиран на војните и…

САД ИСПРАЌААТ НОВИ ВОЈНИЦИ ВО ЛИТВАНИЈА: Американската…

Вашингтон потврдил дека нова ротација американски војници…

Трамп од говорницата на ОН му се…

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати една од…

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Заеднички…

Во Њујорк остварив средба со претседателот на…

Делови од Карпош, Бутел и Кисела Вода…

Во среда, повеќе делови од скопските општини…