МОН најде рецензенти за учебниокт по Историја и општество
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува учениците наскоро да го добијат и учебникот по предметот Историја и општество затоа што, по неколку обиди на МОН, се пријавиле кандидати за рецензија.
Шаќири вели дека за учебниците што недостигаат учениците имаат материјали за учење подготвени од Бирото за развој на образованието (БРО) и тие им се доставени на 1 септември.
„Кога зборуваме за учебници, остана само за еден предмет и тој е во завршна фаза. На последниот повик имаме пријавени рецензенти и за брзо време и тоа ќе се заврши. Очекувам според законските рокови, Националната комисија за учебници да ги евалуира кандидатите, да ги одобри, но децата имаат материјали и тие се доставени од БРО според наставната програма за Историја и општество“, рече Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања откако со премиерот Димитар Ковачевски го посети Фармацевтскиот факултет во Скопје по повод нова лабораториска опрема и нови проекти од научно-истражувачка дејност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…
Од Министерството за образование и наука денеска…
МОН: Семејствата на повредените кои се наоѓаат…
Министерството за образование и наука информира дека…
„Вие сте одговорни, од вас зависи“ порачаа…
Пред Министерството за образование на Србија се…
МОН дава финансиска поддршка за студирање на…
Студентите кои ќе се запишат на додипломски,…
Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара…
Упад во системот на електронскиот дневник, кој…