Објавено на:

Белата куќа употреби посебни овластувања за да го „заобиколи“ Конгресот: Итно му продадоа муниција на Израел

t

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден употреби вонредни и посебни овластувања за да овозможи продажба на приближно 14.000 противтенковски гранати на Израел без одобрение од Конгресот, соопшти денеска Пентагон.

„Американскиот државен секретар Ентони Блинкен утврди и испрати детално објаснување до Конгресот дека на Израел итно му се потребни тенковски гранати и дека тоа е во националниот интерес на САД“, се вели во соопштението.

Во соопштението се вели дека Стејт департментот употребил итна декларација според Законот за контрола на извозот на оружје за итно да му достави на Израел тенковска муниција во вредност од 106,5 милиони долари.

Гранатите се дел од поголемата продажба на оружје за која администрацијата на Бајден побара одобрение од Конгресот.

Поголемиот пакет вреди повеќе од 500 милиони долари и вклучува 45.000 гранати за израелските тенкови Меркава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…