Ден откако го погреба синот, израелскиот министер на боиштето во Газа го загуби и вникот
Ден откако го погреба синот, израелскиот министер на боиштето во Газа го загуби и вникот израелскиот министер и поранешен воен началник Гади Ајзенкот, во саботата беше објавено и дека загинал и неговиот внук од сестра.
Израелската војска во петокот потврди дека ден претходниот ден во борби во северниот дел на Појасот Газа загинал 25-годишниот Гал Меир Ајзенкот, постар наредник во резерва. На неговиот погреб во петокот на воените гробишта Херцлија, присуствувале илјадници ожалостени, меѓу кои и израелскиот претседател Исак Херцог.
Ајзенкот на боиштето ден потоа го загуби и внукот Маор Меир Коен. Засега нема други поединости за околностите во кои загинал тој, известува весникот The Jerusalem Post. Се додава дека Маор, кој служел во редовна воена должност, е син на Шерон Ајзенкот — полусестрата на Гади, и Мајкл Мишел Коен Именувани по нивниот дедо Меир, и Маор и Гал споделувaле повеќе од семејни врски; тие поделиле и наследството.
Шеесет итригодишниот Гади Ајзенкот е пензиониран генерал кој беше началник на Генералштабот на Израел од 2015 до 2019 година. Како претставник на Партијата за национално единство, тој е и член на вонредната влада на Нетанјаху формирана откако Хамас го нападна Израел на 7-ми октомври.
Властите го информирале Ајзенкот за загубата на неговиот син додека бил во посета на јужната команда на израелските одбранбени сили (IDF). Голем број израелски владини претставници и застапници, исто така, испратија сочувство до семејството Ајзенкот.
Лидерот на опозицијата Јаир Лапид објави фотографија на Гал и Гади Ајзенкот прегрнати во воени униформи.
„Оваа фотографија. Оваа прегратка. Татко и син. И двајцата во униформа. Двајцата војници. И двајцата одговорија на повикот, беа таму кога беше потребно, направија се што треба. Судбината на целата нација е во една прегратка”, напишаa од партијата Лапид на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…