Фон дер Лајен се умилкува: ЕУ сакала фер односи со Кина

t

ЕУ не ја гледа Кина само како трговски партнер и индустриска велесила, туку и како технолошки конкурент и воена сила, но и како глобален актер кој има поинакви и различни ставови за глобалниот поредок, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во интервју за АФП, водено во име на Европската новинска редакција (ЕНР), чија членка е и МИА, во пресрет на Самитот ЕУ-Кина што ќе се одржи во четврток и петок во Пекинг.

– Мислам дека ова е самит на можности. Имаме многу сложени односи со Кина и ова е самит на повеќекратни можност што би може да се преземат. Пред се, во трговските односи ЕУ-Кина и дисбалансот, второ, за позиционирањето на глобалната сцена во однос на руската војна против Украина и кризата на Блискиот Исток, но и, на пример, за можностите што се на маса за здружување на силите во борбата против климатските промени и заштита на биодиверзитетот, истакна Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека ЕУ и Кина се важни трговски партнери, но Унијата има значителен дефицит и дисбаланс во трговијата со земјата, кој во последните две години достигна речиси 400 милијарди евра, што се должи и на субвенциите и повластиците што Пекинг им ги пружа на домашните компании и на ограничениот пристап на европските фирми до кинескиот пазар.

– На единствениот пазар на Европската Унија, ние ја штитиме конкурентноста, фер конкурентноста. Затоа, сакаме фер конкурентност и кога станува збор за глобалните актери кои доаѓаат на нашиот единствен пазар, додаде Фон дер Лајен.

Според неа, како што јави дописникот на МИА од Брисел, на Самитот со факти и бројки ќе се разговара за начините како да се надмине трговскиот дисбаланс меѓу ЕУ и Кина, во услови кога кинескиот извоз во Унијата е тројно поголем од европскиот извоз на кинескиот пазар.

– На секои три контејнери кои доаѓаат од Кина во Европа, два се враќаат назад празни. Трговијата на Европа кон Кина е малку повисока од трговијата кон Швајцарија. Значи, во наш интерес е да го ребалансираме трговскиот однос, потенцира претседателката на ЕК,

Таа нагласи дека ЕУ има алатки за заштита на сопствениот пазар од ваквиот трговски дисбаланс, но претпочита да се најдат решенија преку преговори, додавајќи дека во интерес на двете страни е да постои одржлива трговија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никогаш да не се заборави – Бојмацалиев…

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко…

Сијарто: Унгарија нема да учестува во „лудата…

Унгарија нема да учествува во долгорочниот план…

Девет години од „Диво насеље“

Денеска се навршуваат девет години од оружената…

Путин им го честиташе на Русите Денот…

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин им…