Најмалку 17 повредени во судир на два воза во Италија
Најмалку 17 лица се повредени во судир на два воза на италијанската пруга Болоња-Римини во областа Фаенца.
Според првичните информации нема потешко повредени. Сообраќајот во таа делница е запрен, а се судриле регионален воз и Freccia Rossa, пишува италијанскиот Corriere di Bologna.
Сообраќајната несреќа се случила вечерва во 20:20 часот, а возовите се судриле со мала брзина. Засега не е позната причината за судирот, а на местото на несреќата интервенирале возила на итната помош и пожарникари.
Според фотографиите од местото на настанот, возовите не излетале од шините, оштетени им се предните делови.
„За среќа, повредените беа добро и никој не претрпе сериозни последици. Ударот беше релативно слаб“, коментира градоначалникот на Фаенца, Масимо Исола.
Едно лице е пренесено во болница, додека на останатите 16 им била укажана лекарска помош на местото на настанот. Машиновозачите не се повредени.
Во тек е истрага, по што треба да се знаат повеќе детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Амнести интернешнел“ ја повика Италија да го…
Италија треба да го прекине договорот со…
Ренесансни слики со непроценлива вредност украдени од…
Во музеј на Сицилија, украдени се четири…
„Мислевме дека спие“: родители во Италија возеле…
Родители возеле околу 100 километри низ Италија…
Италијански бизнисмен поставил бомба пред домот на…
Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека го…
Ескалира спорот во ЕУ: Шпанија воведува гранични…
Шпанија воведе гранични контроли на целиот воздушен…