Секое плаќање со биткоин троши еден базен вода

t

Секоја трансакција со биткоин користи во просек доволно вода да наполни еден базен
Биткоинот е огромен загадувач на животната средина. Истражувањата досега покажале колку електрична енергија троши „создавањето“ на биткоин. Според добиените резултати, биткоинот е предводник во однос на многу индустриски гранки кога станува збор за загадување на животната средина.

Најновото истражување покажа дека само една трансакција на биткоин троши речиси еден базен вода. Тоа е околу шест милиони пати повеќе отколку што се троши вода при употреба на обични кредитни картички. Оваа бројка е последица на потребата за вода која се користи за напојување и ладење на милиони компјутери ширум светот на кои Биткоин се потпира.

Околу три милијарди луѓе ширум светот се соочуваат со недостиг на вода за пиење, а во наредните децении се очекува состојбата да биде уште полоша. Во Централна Азија и Калифорнија ситуацијата драстично се влошува кога станува збор за водата за пиење. Додека Биткоин троши речиси 1.600 милијарди литри вода во текот на една година.

Извор: BBC

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екстремната жештина во Европа предизвика 16.000 смртни…

Една недела на неподносливи горештини што ја…

Трамп го нервира поместувањето од летно на…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го повика…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Ѓоковиќ: Имам здравствен проблем што ме мачи…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по елиминацијата од…

Силна бура зафати дел од Шпанија —…

Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…