Објавено на:

(Видео) Патници скокаа од авион, чад се прошири низ целата кабина

t

Инцидентот се случил вчера непосредно пред полетувањето на авионот на Рајанер на релација Стокхолм – Краков, поради чадот кој се проширил во кабината на леталото.

На снимката споделена на социјалните мрежи, може да се видат патниците како облекуваат јакни и заедно излегуваат од авионот пред да скокнат од вратата и да се симнат од тобоганот на надувување, кој се користи во итни случаи.

На местото на инцидентот пристигнале голем број итни служби.

„Рајанер“ се извини за доцнењето и потврди дека резервниот авион на превозникот „Баз“, полската филијала на ирската авиокомпанија, бил префрлен на стокхолмскиот аеродром „Арланда“ за да ги однесе погодените патници до нивната дестинација во Краков.

Портпаролот на Рајанер изјави дека авионот на Баз наишол на проблем кога чад ја наполнил кабината. Драмата се случила утрово на аеродромот во Стокхолм, додека преполниот авион „Боинг 737 Макс“ се подготвувал за полетување.

– Превентивно, патниците се евакуирани и вратени на аеродромскиот терминал. Инженери го проверуваат авионот, а на споменатиот аеродром е испратен резервен за да го изврши летот за Краков, со проценето полетување во 14 часот (по локално време) – соопшти „Рајанер“.

Засега не е познато што го предизвикало чадот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екстремната жештина во Европа предизвика 16.000 смртни…

Една недела на неподносливи горештини што ја…

Трамп го нервира поместувањето од летно на…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го повика…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Ѓоковиќ: Имам здравствен проблем што ме мачи…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по елиминацијата од…

Силна бура зафати дел од Шпанија —…

Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…