ШЕСТ ДЕНА НИКОЈ НЕМА АБЕР ЗА НАВАЛНИ: САД се многу загрижени каде е „исчезнат“

t

САД изразија длабока загриженост откако соборците на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални изјавија дека ниту тие ниту неговите адвокати со денови не знаат каде е Навални.

– Длабоко сме загрижени од извештаите дека тој не се појавил наводно цела недела, и дека ниту неговите претставници или неговото семејство не знаат каде е тој. Тој треба да биде ослободен веднаш и воопшто не требаше да биде затворен – изјави Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност, во текот на лет во претседателскиот авион за Филаделфија со претседателот Џо Бајден.

Тој рече дека амбасадата на САД во Москва работи на тоа да дознае повеќе за ова.

Соборците на Навални денеска истакнаа дека не можат да го лоцираат веќе шест денови, и дека најверојатно тој е преместен од затворот каде служеше 19 годишна казна по обвинувања за екстремизам.

По судска одлука летово тој беше префрлен во построга затворска колонија со „специјален режим“.

Навални беше задржан од руските власта веднаш откако слета на аеродромот во Москва во јануари 2021 година, откако се врати од лекување од Берлин, каде беше однесен по случај на негово труење.

Независна истрага утврди дека се работи за хемиско оружје од групата „новичок“ и дека во атентатот биле вовлечени специјални служби на руската Федерална служба за безбедност.

Кремљ го отфрли обвинувањето и рускиот претседател Владимир Путин во една прилика изјави дека „ако ФСБ сакала да го убие, тој досега ќе беше мртов“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов глобален ризик за храната – силен…

Додека светот е фокусиран на војните и…

САД ИСПРАЌААТ НОВИ ВОЈНИЦИ ВО ЛИТВАНИЈА: Американската…

Вашингтон потврдил дека нова ротација американски војници…

Трамп од говорницата на ОН му се…

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати една од…

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Заеднички…

Во Њујорк остварив средба со претседателот на…

Делови од Карпош, Бутел и Кисела Вода…

Во среда, повеќе делови од скопските општини…