Османи: Балканот е на „линијата на огнот” бранејќи ги либералните вредности на Западот

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, учествуваше на дискусијата, организирана од страна на Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР) на тема „Како да се убедат Европејците за проширувањето на ЕУ”. Како повод на дискусијата, на која Османи учествуваше заедно со Лике Фрис, копретседавач со ЕЦФР и директор на данскиот тинк тенк Еуропа и Енѓељуше Морина, виш политички аналитичар на ЕЦФР, е истражувањето на ЕЦФР, кое е објавено денес, а спроведено во шест земји членки на ЕУ (Германија, Франција, Данска, Австрија, Полска, Романија) пред овонеделниот Самитот на Унијата на кој ќе се расправа за проширувањето.

„Денес, повеќе од кога и да е, постои геополитички императив за проширувањето на ЕУ. Да не заборавиме дека и Балканот е на „линијата на огнот” бранејќи ги либералните вредности на Западот, истовремено, станувајќи мета на странски малигни влијанија со далекусежни последици за целиот европски континент. Затоа пристапот на ЕУ треба да се преиспита и да овозможи забрзан ЕУ процес со непосредни и опипливи придобивки за оние кандидати кои ги исполнуваат условите. Со овој чекор, ЕУ ќе започне да гради одбранбен геополитички штит за одбрана на сопствената демократија преку вклучување на преостанатите земји од Југоисточна Европа”, истакна Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…

„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…

Нов бран закани за поставени експлозивни направи…

ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…

Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…

ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА ВОЈНАТА СО ИРАН ВЛИЈАЕЛА…

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…

НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…

Нов бран закани со поставени експлозивни направи…