Нема нови таблички, МВР набавува налепници со “NMK”

t

Министерството за внатрешни работи (МВР) склучи договор за набавка на нови регистарски таблици, но и на налепници за регистрациите на кои ознаката МК ќе се замени со НМК.

Според официјалните податоци кои се достапни и објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки достапни на следниот линк во спецификацијата за тендерот има и четири типа налепници за регистарските таблички кои се разликуваат според димензиите.

Според димензиите, МВР по различна цена ќе ги набавува налепниците. Па така за налепница со димензија 99×42 МВР ќе плаќа 35 денари, за налепниците со димензии 85х40 милиметри цената ќе биде 41 денар, налепниците со димензии 63х37 милиметри ќе чинат 35 денари и налепниците со најмала димензија знесува 29,5 денари за две налепници.

Засега од МВР нема информација која ќе биде продажната цена на налепниците.

Освен налепниците со новото уставно име, МВР набави и регистерски таблички. Според понудата која е дадена од носителот на јавната набавка „Квантум дооел Скопје“ пар регистарски таблици за возило (образец бр.1) чинат 637 денари со вклучен ДДВ.

Граѓаните најдоцна до 12 февруари 2024 треба да ги променат регистарските таблички и на нив да има ознака „НМК“ наместо досегашната „МК“, што е обврска која произлегува од Преспанскиот договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…

Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…

Тошковски се огласи за Груби: МВР има…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…

Од МВР го потврдија грабежот на банка…

Околу 13 часот е пријавен обид за…

Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…

На јавноста ѝ е познато кои двајца…

(Видео) Тошковски со детали за трите акции…

Во изминатите денови МВР во координација со…