СДСМ е најтранспарентна партија во Македонија според извештајот на ИРИ

t

СДСМ е најтранспарента партија, објави во својот  извештај Меѓународниот републикански институт ИРИ- „Индекс на транспарентност на политичките партии”, за 2023 година, се пофалија од СДСМ.


Според извештајот, СДСМ е најтранспарентна партија во сите точки со кои се прави истражувањето, во однос на основните информации за партијата, пристап до информации од јавен карактер, финансиска транспарентност и комуникација или отвореност со членството и граѓаните.


Според анализите и извештајот, СДСМ има најдобар резултат на Индексот на транспарентност (2023) во однос на сите останати политички партии.


-СДСМ бележи пораст и при ова мерење на активната транспарентност е оценета со „многу добра активна транспарентност”. Веб-страницата е надградена, добро уредена и содржи голем дел од анализираните информации. На пример, по објавувањето на Индексот на транспарентност на политичките партии (2021), на веб-страницата е воведена посебна категорија (подмени) „информации од јавен карактер”, каде јасно се структурирани сите информации, како што се: листата на информации од јавен карактер, програмите на партијата и основните акти на партијата, финансиските извештаи, годишните извештаи и годишните сметки, релевантните закони за работењето на политичките партии, стои во извештајот на ИРИ.


СДСМ има максимален број на поени во однос на финансиската транспарентност и извештајот на донации каде целосно ги објавила информациите, стои во извештајот.


Анализата на Индексот покажува дека СДСМ е единствена партија која регистрите на донации и извештаите за донации ги има објавено во отворен формат.


СДСМ има и најголема оценка и во однос на делот, комуникација со граѓаните- индикаторите ја мерат отвореноста на партијата, односно воспоставените механизми за електронска комуникација со граѓаните и членовите на партијата.
Извешјот на ИРИ ги потврдува политиките на СДСМ за одговорно, отчетно и транспарентно работење во отворена и навремена комуникација со граѓаните, велат од бладејачката партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…

Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…