Грузија доби статус на кандидат за членство во ЕУ
Европскиот совет одлучи да и додели статус на кандидат за членство во ЕУ на Грузија. Советот, исто така, одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија и ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина откако ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со членството, твитна Чарлс Мишел, претседател на Советот на ЕУ.
Одлуката е, пишува Мишел, „јасен сигнал за надеж за нивниот народ и за нашиот континент“.
Според официјален претставник на ЕУ, кој сакаше да остане анонимен, во случајот без преседан, унгарскиот премиер Виктор Орбан не гласаше и излезе од состанокот, но не ја блокираше одлуката. Одлуката донесена од 26 земји-членки, сепак, е правно обврзувачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…
Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…
Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
ЕУ најавува план за забрана на социјалните…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Фон дер Лајен „згрозена“ од погребот на…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…