Османи со порака до Мицкоски: Уште малку…

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати честитки до Украина и Молдавија за почетокот на разговорите со Европската унија, но и жалење бидејќи овој ден можеше да биде среќен и за нашата земја.

„Честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со Европската Унија. Денес можеше да биде ден за славење и кај нас за отворање на поглавјата, но антиевропските темни сили држат во заложништво 2 милиони граѓани. Уште малку“, порача во напишаното Османи.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ одлучија да ги отворат пристапните преговори со Украина и Молдавија, изјави претседателот на Европскиот совет.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја напушти просторијата додека лидерите донесоа одлука за отворање на пристапните преговори со Украина, потврдија за „Гардијан“ тројца европски дипломати. Набрзо и самиот Орбан се огласи преку Фејсбук и повтори дека Украина не е подготвена да ги започне пристапните преговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брнабиќ: „Го затнавме носот“ и гласавме за…

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ…

Брнабиќ: „Го затнавме носот“ и гласавме за…

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ…

Мицотакис во пресрет на средбата со Ердоган:…

Грчко-турските односи влегоа во помирни води и…

Официјално: Холандија дисквалификувана од големото финале на…

Пејачот Јост Клајн, кој ја претставува Холандија,…