(Видео) РУСИЈА КАКО ВО КОМУНИЗМОТ: Се прават редици да се купат поевтини јајца!

t

Русите, среде зголемената инфлација и зголемените трошоци за увоз, се борат да набават основни намирници по пониски цени. Во многу градови има недостиг, а таму каде што се достапни, тие се скапи. Воведени се и ограничувања според кои еден човек може да купи 3 кутии. Планирано е увоз од 1,2 милијарди јајца да биде ослободен од царина во ата половина од следната година за да се смират цените и треба да се обезбеди раст на понудата.

Цената на јајцата е зголемена за 42,4% од почетокот на годината, објави Московската Федерална статистичка служба.

Експертите велат дека растот на трошоците на живот е индиректен резултат на западните санкции наметнати на Москва од почетокот на војната во Украина.

Видеата на социјалните мрежи покажуваат како Русите во јужниот град Белгород чекаа на ред на мал пазар за да купат 10 јајца за 65 рубли (0,72 долари), во споредба со цената на супермаркетот од 10 за 150 рубли (1,67 долари), се вели во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кремљ не сака ЕУ да биде на…

Москва не гледа никаква конкретна корист од…

Претседателот на Латвија предвидува можна пресвртница во…

Војната на Русија против Украина би можела…

Танкер за нафта експлодира во Ормуската Теснина

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…

Вишеградски бунт: Фицо, Туск, Бабиш и Маѓар…

Премиерите на земјите од Вишеградската група (В4)…

Сериозен сајбер напад се случува на секои…

Сајбер криминалот станува сè поголема закана за…