(Видео) УПАДНАЛЕ ВО ЏАМИЈА И ГО ГРАБНАЛЕ МИКРОФОНОТ: Скандалозно однесување на израелски војници, ИДФ ќе ги казни

t

Израелските одбранбени сили го осудија однесувањето на војниците кои беа снимени како пеат и се молат во џамија во Џенин на Западниот Брег.

Инцидентот е снимен за време на операција против милитантите во која, според палестинското Министерство за здравство, биле убиени 11 Палестинци.

ИДФ соопшти дека војниците ќе бидат санкционирани и додаде дека истото ќе го стори и во други слични случаи регистрирани во Газа.

На социјалните мрежи кружат неколку видеа на кои се гледаат сцени од џамијата. Во едно видео, песна за протерување на темнината, поврзана со актуелниот еврејски фестивал Ханука, се пушта на хебрејски над звучниците во минарето. Војникот што снима се смее и се придружува на песната.

Друго видео покажува војник во џамија како рецитира еврејска молитва на микрофон.

Армијата потврди дека припадниците на вооружените сили дејствувале против кодексот на однесување на ИДФ во рамките на верска институција. Во соопштението се наведува дека одговорните се „веднаш отстранети“ од оперативните активности.

– Однесувањето на војниците на видео снимките е сериозно и целосно е во спротивност со вредностите на ИДФ – се наведува во соопштението.

Инцидентите во Џенин не се првпат израелските војници да добиваат прекор поради лошото однесување кое било снимено, а потоа објавено на социјалните мрежи.

Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, го осуди однесувањето на војниците во неделата.

– Силите на ИД дејствуваат во согласност со вредностите и духот на ИД. Од војниците на бојното поле се бара да се однесуваат професионално и етички, а ние нема да правиме компромиси за тоа. Во секој случај, видеата не се во согласност со вредностите на ИД и ќе бидат преземени командни и дисциплински чекори – рече Хагари.

Припадниците на ИД, да потсетиме, неодамна по грешка убиле херој кој им помогнал на жртвите од терористичкиот напад на автобуска станица во Ерусалим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото-галерија) Примопредавање на функцијата: Силјановска Давкова влезе…

Претседателката Гордана Силјановска Давкова пристигна во вилата…

Ванковска за Силјановска: Ако е јунак ќе…

Претседателската кандидатка Билјана Ванковска по инаугурацијата на…

Ердоган: Xитлеp би позавидел на геноцидните методи…

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска…

Грчките медиуми ја подбраа Силјановска оти го…

Провокација од Силјановска“ е коментарот на дел…

Фон дер Лајен ѝ честиташе на Силјановска…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…