Објавено на:

Саливaн: Нема недоразбирање меѓу САД и Израел, војната во Газа ќе трае со месеци

t

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан денеска изјави дека нема недоразбирање меѓу Ерусалим и Вашингтон и процени дека борбата против Хамас во Газа ќе трае со месеци.

Тој на прес-конференција во Тел Авив рече дека САД и Израел се согласуваат дека ќе дојде до транзиција од моменталната фаза на конфликтот со висок интензитет кон прецизни операции.

„Белата куќа имаше многу добри дискусии за тајмингот и транзицијата во следните фази на конфликтот, но ние не сме тука да му кажеме на некого дека мора да направите икс (x), мора да направите ипсилон (y)“, рече Саливан по разговори со израелските власти.

Саливан рече и дека на средбите со израелските лидери не слушнал нешто што би го навело да одговори на хипотетичкото прашање како Вашингтон би реагирал доколку продолжи сегашната фаза.

Израелските колеги, објасни тој, рекоа дека нивната цел е да прават разлика меѓу цивилите и борците и да спречат повредување цивили.

Саливан смета дека Израел има клучна одговорност да ги заштити цивилите и да им обезбеди хуманитарна помош, но дека Хамас е одговорен за конфликтот и дека на тоа донекаде се заборавило во целата дебата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белгиската телевизија го прекина настапот на Израел…

Белгиската телевизија VRT престана да го емитува…

Бајден: Ќе ја прекинеме испораката на оружје…

Американскиот претседател Џозеф Бајден во средата за…

Американската амбасадорка привремено ја напушти Русија!

Амбасадорката на САД во Русија Лин Трејси…

Руската разузнавачка служба: САД му бараат замена…

Соединетите Американски Држави ги интензивираа напорите да…

Борел: Во Газа се оствари најстрашното сценарио…

Според шефицата на Светската програма за храна…