Курти бара и Косово да добие кандидатски статус во ЕУ
Точно една година по поднесувањето на барањето за членство на Косово во Европската унија, косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косово треба што поскоро да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ, пишува МИА.
Точно една година по поднесувањето на барањето за членство на Косово во Европската унија, косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косово треба што поскоро да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ,
Оценувајќи го како историско отворањето на преговорите за членство на Украина и Молдавија во ЕУ, Курти рече дека зачленувањето на земјите од Западен Балкан е пат да се обезбеди мир на континентот.
„Како една од најдемократските и про-ЕУ земји во регионот, на Косово треба без одложување да му се даде статус на кандидат“, напиша Курти на платформата „Икс“.
На 15 декември 2022 година, Курти го поднесе барањето на Косово за членство во ЕУ до Чешка, која тогаш претседаваше со ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…