Градоначалникот на Монако и уште четири лица обвинети за корупција
Градоначалникот на Монако, Жорж Марсан, е обвинет заедно со уште четири лица за корупција, објавија денеска извори блиски до локалното обвинителство.
Во рамки на судската истрага, пет лица меѓу кои и градоначалникот се осомничени за активна и пасивна корупција и тргување со влијание“, наведоа правосудните извори.
Марсан бил сослушан кај истражен судија и е под судски надзор, наведуваат истите извори, додавајќи дека засега не можат да дадат попрецизни објаснувања бидејќи истрагата е во тек.
На почетокот на годината, Советот на Европа го повика Монако да ја подобри ефикасноста на надзорот на истрагите и кривичното гонење во контекст на перење пари и конфискација на приносите од криминал.
Монако, кој веќе е под притисок на Европската унија поради претходните скандали со перење пари, одговори дека „најдобро ќе ги почитува меѓународните стандарди“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…