Херзи Халеви, ја презеде одговорноста за убиството на тројца заложници
Заложниците беа убиени иако вееја импровизирано бело знаме и беа невооружени.
-Забрането е да се пука во оние кои го креваат белото знаме и бараат да се предадат. Тоа што е направено е прекршување на правилата за служба, рече Халеви, но додаде дека пукањето било извршено за време на борба и под стресни околности, објавија израелските медиуми.
Семејствата на заложниците приведени во Појасот Газа во меѓувреме апелираа до Владата на Израел да ги прекине борбите и преговорите за нивно ослободување повеќе од два месеци од почетокот на војната со Хамас.
-Ние само извлекуваме мртви тела. Бараме од вас да ги прекинете борбите и да почнете преговори, рече Ноам Пери, ќерка на Израелец приведен во Газа на средбата на семсјтвата на заложниците во Тел Авив, пренесоа француските медиуми.
Откако вчера израелски војници случајно убија тројца заложници на северот на Појасот Газа, семејствата бараат Владата на Израел да иницира нов договор за ослободување на нивните членови. /МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Ерменските власти го уапсија поглаварот на Ерменската…
Ерменските власти денес го уапсија надбискупот Баграт…
ОЈО ГОКК ќе се сретне со родителите…
Секој кој има докази за делот од…
„Ние сме мала држава, но се однесуваме…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од Хаг денеска изјави…
Нетанјаху станува сè посилен по конфликтот со…
Владејачката партија Ликуд во Израел бележи зголемување…