Ковачевски: Ја интегрираме државата во ЕУ, уставни измени ќе има

t

„Она што е важно за да го продолжиме европскиот пат е завршувањето на процесот на уставните измени. Тие се дел од преговарачката рамка со ЕУ, тоа е единствениот предуслов за државата да продолжи напред. Секое одложување е погубно за државата, значи неизвесност на преговорите и на нашето полноправно членство. И затоа е ова најважното прашање во овој момент за македонските граѓани и за иднината на нашата држава. Затоа што директно се однесува на перспективите на граѓаните“, порачува претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во интервјуто за најновото издание на неделниот весник Фокус.

Премиерот Ковачевски посочи на досегашните придобивки за граѓаните од интеграциските политики на оваа Влада, наспроти изолациските политики на претходната.

„Се виде во 10-годишниот режим, што значи да сме изолирана држава, кога, сѐ, не само што стоеше во место, туку одеше назад. А, гледате денес, каков историски раст има на минималната плата, на просечната плата, на пензиите, на странските директни инвестиции, на капиталните инвестиции. Сето тоа се должи на постигнувањата изминативе 5 ипол години и интеграциите, прво со членството во НАТО, а од минатата година и со започнатите преговори ЕУ“, оцени премиерот.

Претседателот на Владата, Ковачевски, ја потенцира неповторливоста на шансата што ја има Република Македонија, за конечно да ја реализира европската стратешка цел и на поддршката и ваквите очекувања од стратешките партнери.

„Се наоѓаме во неповторлив контекст за пробив во европските интеграции и конечно остварување и на втората наша стратешка цел, во услови кога и ние сме ѝ потребни на Унијата, а не само таа нам, заради потребата да се осигура стабилноста на европскиот континент. Се покажавме како фактор на стабилноста и безбедноста во регионот и со успешното претседавање со ОБСЕ и со членството и придонесот во НАТО. Затоа сега, партнерите од САД и од ЕУ, очекуваат од нас мудар потег во овој важен глобален контекст. Да потсетам, стигнаа и директни пораки дека со кочничари на демократскиот, европски развој на Македонија, нема да се соработува“, изјави премиерот.

„Затоа, уставни измени ќе има, затоа што тоа е интерес на граѓаните и на Република Македонија. Ние секогаш играме со отворени карти и со нас граѓаните знаат на што се. Изворот на драмите што ги гледаме изминатиов период е во редовите на опозицијата, којашто во својата дезориентација не знае каде тера, се скара со сите дома, со целиот демократски свет. Македонија ќе продолжи напред. Но со штетниот квазинационализам оваа партија ќе биде изолирана, на долг рок, додека не соберат сила внатре, да се реформираат“, констатира премиерот Димитар Ковачевски, во интервјуто за неделниот весник Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…