Додик: Сите граѓани на Република Српска автоматски да добиваат српско државјанство

t

Претседателот на Република Српска Милорад Додик по гласањето во Бања Лука изјави дека го искористил правото како државјанин на Србија да гласа во конзулатот и посочи дека е важно сите граѓани на Српска автоматски да добијат српско државјанство, а не како што е сега, кога има комплицирани процедури за да може да се гласа на изборите во Србија.

Додик рече дека видел оти одѕивот е голем, дека луѓето се заинтересирани и дека тоа ќе обезбеди голема политичка поддршка за силите кои ќе обезбедат Србија да биде стабилна.

Силна и стабилна Србија е во интерес и на Република Српска, посочи Додик.

Според него, Српска природно има одлични односи со Србија, а кога Србија е стабилна, тоа е поддршка за Бања Лука за сите процеси кои се тешки за Република Српска.

Додик истакна дека затоа е важно сите граѓани на Српска автоматски да добијат српско државјанство, а не како што е сега, кога има комплицирани процедури.

Додик нагласи дека Хрватите од БиХ веќе на овој начин се вклучени на изборите во Хрватска бидејќи автоматски имаат хрватско државјанство, а истото е случај и со унгарската заедница во регионот, која има право да гласа на изборите во Унгарија.

Претседателот на РС изрази надеж дека сличен договор ќе биде постигнат во разговорите со српските власти дека граѓаните на Српска гласаат на изборите во Србија и дека тој ќе се бори за тоа.

Според него, во моментов 13.000 граѓани на Српска имаат српско државјанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинескиот претседател од Белград: Кина ќе работи…

Претседателот на Народна Република Кина, Си Џингпинг,…

Македонски пејачи ќе пеат во Бугарија на…

Втора година по ред во бугарското село…

Курти: Србија шири пропаганда за насилство врз…

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека секој…

Џипинг за српска „Политика“: Нека светлината на…

Авторски текст на Претседателот на Народна Република…

Лавров: Сакаат да ја скршат Србија затоа…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…