Испораките на руски гас во Кина ќе ги надминат планираните 22 милијарди кубни метри во 2023 година

t

Русија и Кина разговараа за прашањето за снабдување со гас на состанокот на меѓувладината комисија за енергетика и заклучија дека извозот на таа енергија преку гасоводот „Моќта на Сибир“ да ги надмине 22 милијарди кубни метри природен гас предвидени во договорот до крајот на годината, изјави вицепремиерот на Русија Александар Новак.

„Разговаравме за прашањето за снабдување. Годинава испораките ќе го надминат планот. Беа планирани 22 милијарди кубни метри, а за 10 месеци обемот достигна речиси 19 милијарди. Односно за цела година извозот ќе надмине 22 милијарди кубни метри “, рече Новак, пренесува ТАСС.

Претходно руската компанија Газпром објави дека значително ги зголемила испораките на гас за Кина од средината на ноември, во согласност со претходно потпишаниот договор, пренесува руски Енергоњус.

Русија минатата година преку гасоводот „Силата на Сибир“ извезе вкупно 15,5 милијарди кубни метри гас во Кина.

Се очекува до 2025 година испораката на гас во Кина преку тој гасовод да го достигне максималниот проектиран капацитет на гасоводот од 38 милијарди кубни метри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин им го честиташе на Русите Денот…

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин им…

Дипломатска војна: Британија ќе го протера одбранбеното…

Велика Британија во средата соопшти дека ќе…

Кинескиот претседател од Белград: Кина ќе работи…

Претседателот на Народна Република Кина, Си Џингпинг,…

Американската амбасадорка привремено ја напушти Русија!

Амбасадорката на САД во Русија Лин Трејси…

Путин: Не одбиваме дијалог со Западот, изборот…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска беше свечено…