Груевски се заблагодари на многубројните честитки: Посакувам здравје и среќа на секој од вас во чии мисли бев денес барем за миг

t

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук им се заблагодари на сите кои му го честитале денешниот празник Свети Никола, кој е и негов именден.

– Примив огромен број честитки по повод празникот Св. Никола како мој именден, на сите апликации и социјални мрежи и бидејќи физички е невозможно денес да успеам на сите поединечно да одговорам ја праќам оваа порака како возвратна.

Чувствувам дека најголем дел од нив се искрени, напишани со љубов и од срце и би сакал да се заблагодарам за вниманието и добрите желби на секој еден кој ми честиташе именден, дури и на оние чии желби ми личат тешко остварливи🙂

Посакувам здравје и среќа на секој од Вас во чии мисли бев денес барем за миг, и кој ми испративте преку вашата порака дел од себе, и се потсетувам дека на некој начин животот ни го враќа само она што им го даваме на другите а секоја мисла има одредена моќ и како што рече големиот Никола Тесла: “моќта на една мисла може да го одреди движењето на универзумот!

За многу години Св. Никола! – напиша Груевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Леброн, Халанд, Тоти, Нејмар, Крис Пол: Светските…

Србија горда, Новак Ѓоковиќ успеа да го…

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Груевски се заблагодари на многубројните честитки: Посакувам…

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук им…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…