Американска судијка одлучи да се откријат имињата на над 170 соработници на Џефри Епстејн
Имињата на над 170 соработници на осудениот сексуален престапник Џефри Епстејн би можеле да бидат јавно објавени следниот месец, по одлука од американски судија.
Идентитетите се откриваат додека во тек е тужбата против соработничката и поранешна девојка на Епстејн, Гислејн Максвел.
Секој кој што се наоѓа на листата може да поднесе жалба за отстранување на неговото име.
Епстејн, познатиот милионер кој почина во затвор во 2019, при очекување на неколку обвиненија за сексуална трговија, беше познат по познанствата со светската елита, меѓу кои и Принцот Ендру.
Смртта на Епстејн беше окарактеризирана како самоубиство од страна на вештак од Њујорк.
Одлуката за јавно објавување на соработниците и блиските лица до Епстејн ја донесе судијката Лорета Преска.
Тоа е резултат од тужбата на Вирџинија Џуфре против Максвел, која моментално отслужува дваесетгодишна затворска казна за злосторствата што ги извршила заедно со него.
Тужбата на Џуфре беше покрената во 2015 година, а имињата на голем број од соработниците на Епстејн останаа во документи кои сега се наоѓаат во судовите.
Во својата пресуда, судијката Преска истакнала дека многу од лицата наведени во тужбата веќе се јавно идентификувани од медиумите или во кривичното судење на Максвел, додавајќи дека „многумина не поднеле жалби“ за објавувањето на документите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…