СДСМ: Со Мицкоски и ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години
-Јасно како ден е дека со Мицкоски и ДПМНЕ нема членство во ЕУ ниту за 100 години, соопшти СДСМ.
„Мицкоски тоа јавно го потврди пред целата јавност, на телевизија, во интервју за 360 степени, велејќи „може да бидат и сто години“ а “можеби и никогаш да не биде“.
Кочењето на европскиот пат е на директна штета на граѓаните, на повисок стандард, поголеми плати, поголеми пензии, подобра иднина за младите.
Блокадите на ДПМНЕ и Левица на евроинтеграцијата се закана за иднината на државата и мора да бидат поразени.
На изборите ќе се соочат два политички блока, проевропскиот предводен од СДСМ и антиевропскиот предводен од ДПМНЕ и Левица.
Глас за проевропската коалиција предводена од СДСМ на претседателските и на парламентарните избори е глас членство во ЕУ, напредок и сигурна иднина.“ – се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…
Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…