Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската акција во Куманово
Голема полициска акција против организирана криминална група се спроведува утрово во Куманово, а меѓу приведените е и Драган Петровски, познат по прекарот Штука, објави ТВ21.
Според информациите, Петровски е осомничен дека бил организатор на групата која подолг период дејствувала на кумановското подрачје. Во акцијата учествуваат припадници на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност.
Полициското присуство е засилено на повеќе локации во градот, каде што се вршат претреси и проверки. Според досегашните информации, истрагата е насочена кон група за која постојат сомневања дека користела закани, насилство и уцени за остварување противправна материјална корист.
Во фокусот на истрагата се сомневања за изнуда, лихварство, перење пари и перење други приноси стекнати од криминални активности. Се проверуваат повеќе локации, меѓу кои и нотарска канцеларија и менувачница, за кои истражните органи испитуваат дали постојат поврзаности со активностите на осомничените.
Според неофицијалните информации, при претресите биле пронајдени парични средства, возила и документација, кои треба да бидат предмет на понатамошна анализа.
Акцијата се спроведува во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и, според објавените информации, претставува резултат на подолготрајна оперативно-истражна работа.
Од надлежните институции засега се очекуваат официјални информации за бројот на приведени лица, пронајдените предмети и конкретните кривични дела за кои ќе се води постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…
Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…
Вчера вечер е уапсено уште едно лице…
Апсење кај Ќафасан, гостиварец фатен со околу…
Полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“…