„5G“ е сега побрз за 20% ширум светот, а еве каде е најбрз

t

Компанијата „Ookla“ објавиле нова статистика кога станува збор за брзината на „5G“ ширум светот.

Најновиот извештај на „State of Worldwide Connectivity“ покажува дека средните брзини на „5G“ за преземање на податоци забележале раст од 20 проценти на глобално ниво, во текот на третото тримесечје од 2023-та година.

„Ookla“ забележала средна „5G“ брзина за преземање на податоци од 203.04 Mbps во третото тримесечје, што е значајно подобрување во споредба со 168.27 Mbps од истиот период мината година.

Кога станува збор за поединечни земји, во кои „5G“ конекцијата е најбрза, водечки е Обединетите Арапски Емирати, кои бележат зголемување од 14% за средната брзина на „5G“ конекцијата (592.01 Mbps).

На второ место сега е Јужна Кореја, која има брзина на „5G“ конекција од 507.59 Mbps. Следат Малезија, Катар и Бразил.

Меѓу 10-те земји со најбрза „5G“ конекција се Доминиканска Република, Кувајт, Макао, Сингапур и Индија.

Се истакнува дека, иако „5G“ е способен да овозможи максимална брзина за преземање на податоци до 20 Gbps, реалните светски брзини сè уште не достигнале „Гигабит“ ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривичен го отфрли предлогот за мерки за…

Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен…

Се задолжуваме и во ЕУ и тоа…

Во Собранието е доставен Предлог-законот за задолжување…

„И вие да научите нешто“: Белградските студенти…

Студентите од белградските факултети се собраа пред…

ДУИ незадоволен од тоа што не е…

ДУИ е незадоволен од тоа што не…