Објавено на:

И официјално почна зимата

t

Зимата во државава и на северната хемисфера на Земјата календарски почна денеска во 04 часот и 27 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.

Денот на доаѓањето на зимата е познат и како зимска краткоденица, односно денот е најкраток, а ноќта најдолга. Од денеска ноќите постепено ќе стануваат пократка, а деновите подолги.

Сонцето во Скопје на првиот зимски ден изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Петок, 22 декември, е 358-иот ден во 2023 година.

До крајот на годината остануваат уште девет дена. Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 39 минути, до 20 март 2024 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка.

Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на повисоките места.

Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од-4 до 2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

На повисоките места во регионот ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до-2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вајдел прогласи победа на покраинските избори: „АфД…

Копретседателката на Алтернатива за Германија (АфД), Алис…

Безживотно тело најдено на Шар Планина

Околу 17 часот и 30 минути од…

Мицкоски на средба со македонската заедница во…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, придружуван од…

Зеленски заминува за САД на средба со…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски заминува за…

(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…